Апликација за стипендирани обуки за Визуелни ефекти и 3D Анимација
📣 СТИПЕНДИРАНИ ОБУКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ👇
Македонската компанија FX3X, која постои веќе 25 години и е дел од сите големи филмски проекти на Холивуд, во партнерство со врвно светско студио за визуелни ефекти и анимација обезбедува стипендии во вредност од по 3.000 € за специјализирани професионални обуки на 60 најдобри кандидати со цел директно вработување.
ОБЛАСТИ: Обуките ќе се реализираат во две главни области, и тоа:
1. Визуелни ефекти за филм
2. 3D моделирање и анимација
БРОЈ НА ЧАСОВИ: 450 часа се предвидени за предавања и 100 часа предвидени за практични вежби и самостојна работа.
МЕНТОРИ: Обуките ќе ги реализираат домашни и странски ментори и експерти со долгогодишно практично искуство на најдобрите проекти во индустријата, а ќе содржат и совети и искуства за промените и новостите кои ги наметна пандемијата.
ВТОР УПИСЕН РОК: до 3ти септември 2022. Кандидатите ќе бидат селектирани преку преглед на доставените материјали, разговор со кариерен советник и ментор.
ТЕРМИНИ: 19 септември 2022 - 17 февруари 2023, од 10:00-14:00 или 17:30-21:30, од понеделник до петок
ФОРМАТ: Обуките ќе се одржуваат хибридино, во живо и онлајн со можност учесниците надвор од Скопје да следат поголем дел од програмата онлајн.
РЕДОВНА ЦЕНА: 3.680 евра
СТИПЕНДИЈА: 3.000 евра за избраните кандидати со сериозен интерес да се посветат на обуките и да градат кариера во Fx3x
ПАРТИЦИПАЦИЈА: 680 евра (во готово или на 2 до 6 рати)
📣 ВКЛУЧЕНО: За сите кандидати кои редовно и успешно ќе ги завршат обуките и ќе го положат финалниот тест ќе биде обезбедено работно место 🧑🎨 🧑💻 во Fx3x, со можност за натамошен напредок во кариерата, како и интернационална кариера и во рамки на партнерската компанија од светски ранг.
ПРЕТХОДНО ИСКУСТВО: Кандидатите се очекува да имаат интерес/афинитет во една од областите, а заради полесно совладување на материјалот пожелно е да имаат и основно знаење/искуство во софтвери за обработка на слики, но не е неопходно.
Телефон за контакт: 078 80 19 51 и 070 36 54 36
#fx3x #trainings #employments #globalcareer #vfxnest #newmansba